fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Може ли корона вирусот да предизвика проблеми во земјоделството?

Дел од земјоделските производители кои имаат евтина работна сила од соседна Албанија ќе бидат најмногу на удар бидејќи ваквиот ангажман е особено ризичен и за нив најмногу се однесуваат препораките да се најде начин во овој период додека се на сила препораките  работата да се заврши со други методи или да се почека па да се види што понатаму.

Заради препораките на здравствените власти веќе не треба да се собираат луѓето во поголеми групи што ќе значи проблеми за земјоделците кои имаат поголеми ниви и кои работата им зависи од аргатите кои се ангажираат. Дел од земјоделските производители кои имаат евтина работна сила од соседна Албанија ќе бидат најмногу на удар бидејќи ваквиот ангажман е особено ризичен и за нив најмногу се однесуваат препораките да се најде начин во овој период додека се на сила препораките  работата да се заврши со други методи или да се почека па да се види што понатаму. За делот од овие нови мерки и препораки на владата обврска за контрола имаат инспекторатите кои ја вршат на терен контролата за нивното спроведување. Компаниите од агросекторот веќе ги чувствуваат првите економски удари од состојбите поврзани со корона вирусот. Првично негативното влијание се гледа преку ослободување на дел од вработените со мали деца, неможноста од ангажирање поголема група аргати но сепак уверуваат дека храна ќе има доволно. Од агробизнис комората во рамки на сојузот на стопански комори велат дека првичните последици се намалената потрошувачка, намалениот обем на нарачки и проблеми со реализација на договореното. Сметаат дека треба да се следат примерите на високо развиените европски земји во однос на мерките во земјоделскиот сектор поврзани со корона вирусот.

– Штети има, но тие се уште не може да се согледаат зашто ситуацијата се менува секојдневно. Неблагодарно е сега да даваме некакви прогнози, особено зашто се надеваме на минорни ефекти. Воедно очекуваме надлежните да направат сериозна анализа, да утврдат колкави се трошоците на бизнисот и соодветно да интервенираат, рече потпретседателот на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски.

Во градинарството допрва претстои поинтензивен период на садење, расадување на домати, краставици и пиперка за една недела треба да почнат и бербите на пролетната зелка. За сите овие активности потребни е работна сила за да може навреме да се заврши. Сега земјоделците ќе мора во рамките на своите семејства кога имаат најмногу работа да најдат начин да ги завршат овие работи бидејќи производството не може да чека и да се пролонгира кога ќе дојде моментот за берба или за расадување и слично сметаат дел од струмичките земјоделци кои загрижено ја следат состојбата и препораките.

Од агенцијата за храна и ветеринарство сметаат дека треба да се следат препораките но и научните докази кои велат дека храната не е извор или преносител на корона вирусот. Ова го потврдуваат главните научници во европската агенција за безбедност на храната ЕФСА кои ја следат будно состојбата. Од АХВ го повторија својот апел да се почитуваат препораките на СЗО. Бидејќи станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло, АХВ во координација со Ветеринарната комора, ги информира и упати апел до ветеринарните друштва за максимално почитување и информирање и на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на Корона вирусот и преку животните и храната од животинско потекло.

 

З.Б.

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close