вести

Мразот и сушата ја уништија летнината на новачани

novaci

Општинската комисија за проценка на штети во Новаци, деновиве интензивно работи на терен и ја проценува штетата од априлските мразеви што ги покосија дел од житните култури и овошките.

Општинската комисија за проценка на штети во Новаци, деновиве интензивно работи на терен и ја проценува штетата од априлските мразеви што ги покосија дел од житните култури  и овошките. Најмногу настрада  рано засејаната пченка која со ниска вегетација речиси целосно измрзна, велат од локалната власт на новачката општина, чии служби на земјоделците им даваат  стручна помош.
– Оштетувања има во посевите, особено поголеми се кај пченката, а во другиот дел, кај овоштарниците и пластениците, оштетувањата се големи и се движат од осумдесет до сто отсто. Постапуваме по сите нормативи кај индивидуалните земјоделци што се пријавуваат- рече новачкиот градоначалник Лазар Котевски.
Но, со тоа, маките на пелагониските земјоделци од овој регион, не завршија. По нивниот бериќет удрија и априлските суши, а некнежните дождови заврнаа само со 18 литри по метар квадратен на потегот од неколку километри помеѓу селата Новаци и Рибарци.
– Ние ваква априлска суша, никогаш не сме имале на ова подрачје. На многу места, комбајните ќе нема што да работат кај јачменот и пченицата и што да се направи, ниту една машина ништо не ќе може заради ниската вегетација- рече ВељоТантаров.
Новачани за годинешната реколта имаа засејано со есенски и пролетни култури над две илјади хектари. За спас од сушите во аридните терени, размислуваат за копање на артерски бунари, но сега, велат најприоритетни им се субвенциите и евентулана помош за претрпените штети, кои не влегуваат во осигурителните полиси.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close