fbpx
Агро бизнисВестиРурален туризам

Музејот на мирис и вкус во Тиквешијата

500 етнографски поставки да се запознаат со минатото на градот и регионот, подготовката на храна, вино и ракија

Музејот на мирис и вкус е единствен од ваков тип во Кавадарци, Тиквешијата.

Во него посетителите имаат можност преку 500 етнографски поставки да се запознаат со минатото на градот и регионот, подготовката на храна, вино и ракија.

Музејот е поделен во неколку делови во кои е претставена постапката за подготовка на храната во Тиквешијата, од неолитот, преку античкиот и византискиот период, сè до времето на османлиското владеење, кога и подготовката на лебот и погачите имале посебно значење. Во музејот се поставени предмети од неолитот, античкиот период и средниот век како што се орудија, алати за обработка и производство на традиционална тиквешка храна.

Посебен белег на музејот дава подрумскиот дел каде што се сместени експонати од првата винарница на семејството Велкови од 1875 година. Музејот на мирис и вкус претставува објект во кој се собрани минатото и традицијата на град Кавадарци. Куќата на мирисот и вкусот има за цел грижа културата и едукација на посетителите и запознавање со културните вредности и гастрономијата во градот.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close