fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ со нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ

Проектот е со вредност од 250.000 евра и со времетраење од 10 месеци, и има за цел усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ, како и поддршка на капацитетите на институциите полесно да ги совладаат предизвиците кои следат во пристапните преговори.

Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, свечено се одбележа почетокот на Твининг лајт проектот, „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“.

Како што соопштија од МЗШВ, на свеченото отворање присуствуваа министерот Љупчо Николовски, амбасадорката на Република Хрватаска, Нивес Тигањ, претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, како и гости од домашни институции вклучени во претктот и, експерти од областа рибарство и аквакултура од Хрватска.

Проектот е со вредност од 250.000 евра и со времетраење од 10 месеци, и има за цел усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ, како и поддршка на капацитетите на институциите полесно да ги совладаат предизвиците кои следат во пристапните преговори.

–Република Северна Македонија е посветена на процесот на европските интеграции и во насока кон остварување на зацртаниот пат кон Европската Унија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, користејќи го Твининг иструментот побара поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, од каде предлогот веднаш беше прифатен и благодарение на нивната посветеност и поддршка денес сме тука, да го одбележиме почетокот на овој нов и за нас многу значаен проект, изјави Николовски.

Главната цел на проектот е усогласување на националното законодавство во областа на рибарството и аквакултурата преку подготовка на правни акти за пазарни стандарди и информации за потрошувачите за производите од рибарство и аквакултура, за признавање на организации на производители, меѓусекторски организации, како и за структурна поддршка и државна помош во согласност со барањата на Европската Унија и Заедничката рибарска политика. Покрај ова, со проектот ќе се зајакнат административните капацитети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнство и инспекцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство преку блиска соработка, работилници и студиски посети.

-Во овој момент, постоечките правила и прописи кои се однесуваат на пазарната политика, структурните активности и државната помош се делумно усогласени со правото на ЕУ. Со спроведување на активностите од овој проект ќе се постигне понатамошно усогласување со барањата на ЕУ за овие области. Со помош на овој проект ќе се изработат правни акти како што е изработка на нов закон за уредување на структурните активности, правилници од делот на заедничкото уредување на пазарите, како и други пропратни акти, а се со цел усогласување со правилата на ЕУ за Поглавје 13-Рибарство“ потенцираше министерот Николовски.

Тој упати благодарност до Делегацијата на ЕУ за поддршката која ни ја дава за развој на земјоделскиот сектор, не само за овој проект туку и за сите други проекти кои се реализираат со нивна финансиска поддршка. Воедно, се наведува, Николовски изрази задоволство, што во овој проект покрај претставници на Министерството, вклучени се и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство.

-Ова е особено важно во процесот на пристапување кон ЕУ, бидејќи само со силна и подготвена администрација ќе можеме да чекориме кон патот на европските интеграции и ЕУ, рече Николовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантво е главен корисник на проектот, додека проектен партнер од земја членка е Министерството за земјоделство на Република Хрватска.

-Хрватска ја препозна Северна Македонија како одличен патнер за соработка. Ова е 15 –ти проект кој го спроведуваме во соработка со вашата земја. Како земја со долга традиција од областа на рибарството и културата ќе ни биде драго нашите експерти да им го пренесат своето искуство на македонските експерти, со што ќе се олесни постигнувањето на целта на овој проект, а тоа е хармонизација на македонското законодавство со европските регулативи во областа на рибарство и аквакултура, рече амбасадорката Тигањ.

Исто така, амбасадорката Тигањ потенцираше дека Хрватска е голем поддржувач во процесот на интеграцијата на Северна Македонија во европското семјество.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close