вестиМакедонијаТоп вести

МЗШВ ги намалува директните средби со странки, комуникацијата ќе се одвива телефонски или по електронски пат

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе одлука да ги сведе на минимум директените средби со странки,  се со цел превенција и елиминирање на можноста од ширење на  вирусот КОВИД 19.

МЗШВ ги информира сите лица кои имаат потреба за контакт и инфомрација од министерството тоа да го сторат на меил адреста на МЗШВ [email protected]  и на контакт телефонот (02) 3134 477 од 08 : 30 до 16: 30 часот

Сите планирани поголеми настани и работни состаноци во МЗШВ се откажани/презакажани.

МЗШВ апелира до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава министерството, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата,  со цел да се спречи ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close