fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

На 10 март истекува рокот за поднесување апликации за млад земјоделец

Секој млад земјоделец од 18 до 40 години, којшто ќе ги исполни пропишаните критериуми во мерката, ќе добие неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.

На 10-март, завршува јавниот повик за мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“, наменета за младите земјоделци.

#МЗШВ ги повикува сите млади земјоделци, да го запазат рокот и да поднесат барања за неповратна финансиска поддршка.

Секој млад земјоделец од 18 до 40 години, којшто ќе ги исполни пропишаните критериуми во мерката, ќе добие неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.

Парите се наменети за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки. Корисниците на оваа помош треба да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close