Агро бизнисВестиВиноМакедонијаТоп вести

По 25 септември ќе се проверуваат штетите на лозовите насади, најави Јанчев

По завршувањето на бербата, по 25 септември, ќе бидат формирани дополнителни комисии кои ќе треба да утврдат дали има штета на долгогодишните насади што не е предизвикана од елементарна непогода.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска од терен порача дека институциите се активно вклучени во следењето на откупот на грозјето и состојбата со лозарите и винарите.

Јанчев посочи дека во изминатите 21 ден континуирано се разговарало со лозарите, винарите и откупните пунктови, а денеска заедно со министерот за земјоделство и шумарство биле на терен и директно ја следеле состојбата.

„Целиот Вранец кој е здрав и во добра кондиција ќе биде откупен. Исто така, Смедеревката, која има уште поголем процент, ќе почне да се откупува во периодот што следува“, изјави Јанчев.

Тој ги отфрли, како што рече, невистините и политичките пропаганди што се шират на социјалните мрежи, оценувајќи дека тие создаваат паника, несигурност и дополнителен притисок кај граѓаните.

„Деветта година сум градоначалник и точно знам како се одвиваат работите во текот на откупните денови“, рече Јанчев, додавајќи дека годинава состојбата не може да се оцени како одлична, особено поради квалитетот на грозјето и високите температури.

Сепак, според него, заложбите на Владата и Министерството се на највисоко ниво.

Јанчев информираше и дека Општина Кавадарци и другите општини од регионот формирале комисии за проценка на штетите од градот што го зафатил подрачјето пред околу десетина дена.

По завршувањето на бербата, по 25 септември, ќе бидат формирани дополнителни комисии кои ќе треба да утврдат дали има штета на долгогодишните насади што не е предизвикана од елементарна непогода.

„Владата и Министерството остануваат посветени максимално да им помогнат и на винарите, а пред сè на лозарите и на нивната мака“, порача Јанчев.

Поврзани новости

Back to top button