fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно и студено со северен ветер

Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен до силен ветер од северен правец, кој локално ќе достигне и над 80 километри на час. Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и судено со сончеви периоди и со засилен северен ветер, кој ќе надминува брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close