fbpx
Вести

Забрана за увоз на птици и живинско месо и од региони на Хрватска

 

zabrana za uvoz na ptici i zhivinsko meso i od regioni na hrvatska

Агенцијата за храна забрани увоз и транзит на живина и диви птици, но и на производи и нуспроизводи од нив од региони во Хрватска. Забраната доаѓа една недела откако таа беше донесена и за области во Унгарија и Полска. Увозот се забранува заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенца или птичји грип. За Хрватска потенцијална опасност доаѓа од фарми што потекнуваат од вуковарско-сремската област во Хрватска. За Унгарија е спорен регионот Бекеш, а во Полска западнопомеранскиот регион. Забраните се веќе објавени во „Службен весник“ и важат од почетокот на овој месец и доаѓаат откако болеста се појави во повеќе држави во Европа.

Нашата земја веќе спроведува засилени контроли и надзор на речиси сите одгледувачници на птици. Со надзорот е опфатена живината што се одгледува во комерцијално производство (кокошки-несилки, бројлери), но и живината што се одгледува во некомерцијално производство како таа во дворовите и селските стопанства, а ќе се контролираат и водните птици. Исто така, предвидено е да се прави контрола на дивите птици што се присутни или мигрираат низ територијата на Македонија. Надзорот се спроведува во соработка со ветеринарните друштва кои се задолжени за вадење крв од живината и земање брисеви од водните птици, ловните друштва што се задолжени за земање мостри од дивите водни птици и официјалните ветеринари одговорни за контрола на надзорот. Од Агенцијата за храна посочуваат дека од живината најчесто заболуваат кокошките и мисирките, а кај патките и гуските се развиваат само благи симптоми на болеста. Дивите птици, особено дивите патки, пак, може природно да бидат отпорни на болеста и да не покажуваат клинички знаци на болеста.

– Птиците што не покажуваат знаци на болеста може с` уште да го носат вирусот и претставуваат опасност од ширење на вирусот кај живината. Од птичји грип може да заболат и луѓето доколку вирусот е високопатоген – велат во Агенцијата. Според нив, болеста се шири исклучително брзо во јатото, за многу кратко време заболуваат речиси сите единки и голем дел од птиците во јатото изумираат за неколку дена. Ширењето на болеста во јата што се чуваат во кафез е побавно поради ограничениот контакт помеѓу птиците. Стапката на смртност може да биде и 100 отсто во рок од 48 часа.

Тагови

Слични написи

2 Comments

  1. Szpiegowskie telefonu – Ukryta aplikacja śledząca, która rejestruje lokalizację, SMS-y, dźwięk rozmów, WhatsApp, Facebook, zdjęcie, kamerę, aktywność w Internecie. Najlepsze do kontroli rodzicielskiej i monitorowania pracowników. Szpiegowskie Telefonu za Darmo – Oprogramowanie Monitorujące Online.

  2. Najlepsza aplikacja do kontroli rodzicielskiej, aby chronić swoje dzieci – potajemnie tajny monitor GPS, SMS-y, połączenia, WhatsApp, Facebook, lokalizacja. Możesz zdalnie monitorować aktywność telefonu komórkowego po pobraniu i zainstalowaniu apk na telefonie docelowym.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close