ВестиМакедонија

Над 6.000 текстилни работници во земјава отидоа на колективен одмор

Работодавците оваа одлука ја донеле поради недонесувањето на петтиот пакет мерки од страна на македонските пратеници

Над 6.000 текстилни работници во земјава се на колективен одмор. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА вели дека од вчера на одмор се работниците, а половина од нив се од Штип. МИА вчера информираше дека работодавците оваа одлука ја донеле поради недонесувањето на петтиот пакет мерки од страна на македонските пратеници и неизвесноста од локдаунот во Германија и останатите членки на ЕУ. Државната помош ќе ги спаси работните места, а се очекува кон половината на годината да се имаат нарачки и ќе се знае реално состојбата во текстилниот сектор. Во моментов конфекциите немаат нарачки за шиење модна облека.https://faktor.mk/nad-6000-tekstilni-rabotnici-vo-zemjava-otidoa-na-kolektiven-odmor

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close