вести

Помалку административни бариери за земјоделците

Земјоделците, откупувачите и преработувачите повеќе нема да губат време по шалтери за да набават одреден документ. Решенијата за одредени барања и молби по службена должност ќе ги набавува ресорното министерство и надлежните органи во овој сектор. Собранието усвои измени и дополнувања на 18 закони од областа на земјоделството со кои значително ќе се намалат административните бариери.

 

pomalku administrativni barieri za zemjodelcite

Со една од законските измени лозарите побрзо ќе ги добиваат парите за предаденото грозје. Винариите и сите откупувачи ќе треба откупениот род од наредната реколта да го исплатат до 31 ви јануари, а не како досега до 30 април.

Исплатата на ланското грозје е во тек а досега се исплатени околу 60 % од откупеното. Државата будно ја следи состојбата и доколку долгот не биде исплатен во законскиот рок ,винаријата односно откупувачот ќе биде избришан од Регистарот, и во иднина нема да може да врши откуп на винско грозје.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close