вестиСоветиХрана

НАЈЗДРАВИОТ ЗЕЛЕНЧУК

Барајќи го најздравиот зеленчук, не треба да трагаме по егзотични предели. Најздравиот зеленчук потекнува токму од нашето поднебје и носи име КЕЉ. Иако уште старите Грци и Римјани знаеле за големата корист од неговото користење, денес некако како да сме го заборавиле. Затоа,препорачувам  КЕЉ барем еднаш неделно на вашата трпеза и тоа токму сега кога му е сезоната.

Што го прави кељот да биде најздравиот зеленчук?

 

  1. СИЛНА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ

Кељот е еден од најсконцентританите извори во природата на витамини и минерали истовремено. Во 70 грама кељ има: 206% од дневната доза на витамин А, 684% од дневната доза на витамин К, 134% од дневната доза на витамин Ц, 26% о дневната доза на потребниот манган… Богат е и со Б витамини, калциум, бакар, железо и форсор.

  1. ИЗОБИЛУВА СО МОЌНИ АНТИОКСИДАНСИ

Кверцетин, каемферол, бета каротен, флавоноиди и полифеноли – имаат многу важни функции во нашиот организам, а една од нив е антикарцерогената активност.

  1. НАМАЛУВАЊЕ НА ХОЛЕСТЕРОЛ

Во склоп со останатата здрава храна, кељот има блијание врз нивото на холестеролот. Тој содржи супстанции кои го врзуваат холестеролот во цревата и не му дозволуваат да се врати назад во црниот дроб. Според некои студии, сок од кељ може за 12 недели да го подобри нивото на ХДЛ за 27%.

  1. БОГАТ Е СО РЕТКИ МИНЕРАЛИ

Можеби последно кога ќе помислиме на извор на калциум ќе ни биде токму овој лиснат зеленчук, но кељот е еден од најдобрите природни извори на калциум. Дополнително, содржи магнезиум и калиум во високи концентрации, а сето тоа со ниското ниво на оксалати помага наведениве минерали лесно да се апсорбираат.

  1. ЗАШТИТНИК НА ОЧИТЕ

Во кељот има лутеин и зеаксантин во високи концентрации. Најдено е дека овие супстанции го спречуваат развојот на катаракта и макуларна дегенерација кај очите. Уште една дополнителна причина за редовна употреба на кељ!

Кељот е храна од нашето поднебје. За жал, со тек на времето е намалена неговата употреба и е речиси заборавен . Една од храните која по мое длабоко убедување треба да се врати и во нашите пазари и на нашите трпези!


 

drmitov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close