fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Почнува кампањата „Здрав оброк за секое дете“

Откупени оваа година ќе бидат 880.000 кг домашно овошје за 38.000 дечиња од детските градинки.

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика Љупчо Николовски и Јованка Тренчевска денеска ќе ја почнат кампањата „Здрав оброк за секое дете“.

Понеделник, 17.07.2023 година, со почеток од 09 часот, во дворот од детската градинка Кочо Рацин, објект Панорама, општина Центар, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска ќе ја започнат кампањата – Здрав оброк за секое дете, доделувајќи ги првите килограми здрава ужинка за дечињата од градинката Панорама.

Министрите Николовски и Тренчевска, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски ќе бидат и дел од креативните работилници заедно со дечињата, продготувајќи разни производи од овошје.

Откупени оваа година ќе бидат 880.000 кг домашно овошје за 38.000 дечиња од детските градинки. Преку оваа програма која ќе стане пракса, директно го помагаме откупот на домашното производство но и убавите македонски производи ги доближуваме до најважното и највредното, нашите дечиња.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close