fbpx
Вести

Купете си порано пипер, оти ќе останете без ајвар

ajvar

Топлотниот бран кој ја зафати Македонија во јули и во август значително го намали производството на “куртовска капија” и предизвика големи оштетувања кај оваа култура на отворено. Штетите се движат од 50 до 100 отсто, под пластеници штетите се движат до 50 отсто и имаме трет турнус, тој се бере во ноември, под дупли најлон е па од од него очекуваме нешто подобри резултати.

Неповолните временски услови и екстремно високите температури го намалија родот и кавлитетот на куртовската капија – популарната “ајварка”. Земјоделците велат дека годинава приносите кај оваа култура се драстично намалени, па поради тоа може да се јави недостиг на пазарот. Слабите приноси кои се последица на неповолните временски услови, особено се евидентни кај површините кои беа засадени на отворено. Малку подобра е состојбата кај пластеничкото производство, но и тука поради високите температури кај одредени површини приносите се преполовени, а и квалитетот не е како што се очекуваше.

– Топлотниот бран кој ја зафати Македонија во јули и во август, значително го намали производството на “уртовска капија” и предизвика големи оштетувања кај куртовската капија на отворено. Штетите се движат од 50 до 100 отсто, под пластеници штетите се движат до 50 отсто и имаме трет турнус, тој се бере во ноември, под дупли најлон е па од од него очекуваме нешто подобри резултати, вели Ванчо Митев од Регионален центар на сојуз на земјоделци од Струмица.

Земјоделците од овој регион велат дека за разлика од лани проблеми со откуп годинава нема, но ги нема и количините кои беа очекувани и воопшто нема да биде изненадување ако се јави недостиг на пазарот.

– Лани имавме голем род на “куртовска капија” ама многу беше ниска цената, сега имаме добра цена, меѓутоа немаме производство. Јас секогаш бев оптимист дека ќе има ајвар и пиперка, меѓутоа оваа година сум песимист и мислам дека ќе има недостиг на пазарот, вели Митев.

Дека суровините од “куртовската капија” се намалени потврдуваат и од преработувачките капацитети. Од таму додаваат дека оваа не е единствената култура која има слаби приноси поради лошото време, слична е состојбата и со останатите градинарски култури, особено фефероните кои за разлика од лани бележат намалување за околу 50 отсто.

Производната цена на ајварката под фолија е поголема оти има повеќе трошоци и изнесува околу 12 денари за килограм. Обично родот од ова производство изнесува околу 30 до 50 тона по хектар. Производството на отворено е поевтино, и тука родот е околу 15 тона од хектар.

Според статистиката во споредба од пред неколку години вкупните површини со индустриска пиперка меѓу кои спаѓаат и оние со пиперка од сортата “куртовска капија”, бележат зголемување на производството за 35 отсто, поради зголемување на површините за 56 отсто. Црвената пиперка е најважната суровина за преработувачката индустрија. Според истражувањето на Македонската асоцијација на преработувачи, количините на откупена црвена пиперка од преработувачките капацитети опфаќаат 58 отсто од вкупното откупено количество на суровина.

“Ајварката” во преработувачката индустрија најмногу се употребува за производство на индустриски ајвар, а потоа следуваат производството на домашен ајвар, лутеница, сечкани пиперки и други преработки.


 

вечер.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close