Насоки на УЈП за месечниот извештај за корисниците на тезги на зелените пазари

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2018)

ujp

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр. 190/2017) се менува начинот на пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход за приходот што го остварува физичко лице од продажба на производи на продажни места (тезги) на зелените пазари.

Како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, односно извештај за тековна состојба (образец ПДД-И/ЗП) преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до крајот на годината која ѝ претходи на годината за која Управата за јавни приходи треба да изврши утврдување на данокот.


 

 

академик.мк