вестиВино

Натпревар за најдобро младо вино произведено во домашни услови

(Oвој напис е објавен на: ноември 1, 2018)

Здружението на винари од Македонија, петта година по ред, организира натпревар за најдобро младо вино, произведено во домашни услови. Потпретседателот на Здружението со седиште во Кавадарци, Елена Богева потсети дека станува традиција Тиквешијата да го одбележува денот на младото вино, во винскиот свет познат како „Божоле нуво”.

 

– И оваа година организираме дегустација и оценување на млади вина произведени од индивидуални производители. Целта е поттикнување на малите производители на вино да го подобрат и промовираат своето производство и да го преточат во свој семеен бизнис, најави денеска Богева во изјава за МИА.

 

Доставувањето на  мострите ќе се врши до 12 ноември. Дегустацијата и оценувањето на примероците од страна на стручни лица, ќе трае два дена. Доделувањето на наградите ќе биде на самиот ден на младо вино,  а тоа е третиот четврток во месец ноември.

 

Здружението заедно со своите соработници,  Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип и неколку фирми поддржувачи на овој настан, ќе организира доделување на дипломи и награди за најдобрите млади вина.

 

– Ова е мал јубилеј за нас, но многу голем за сите кои срамеживо прават вино и кои имаат потенцијал да направат мали семејни винарии, велат од Здружението на винари од Македонија.

 


 

мтм.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close