fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-земјоделците да бидат спокојни и да не потпаѓаат на лажни вести, вода за земјоделските површини има

Tиквешки регион

Заедно со директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска сме во увид на браната Тиквеш. Токму водата од оваа акумулација се користи за полнење на каналите преку кои се наводнуваат земјоделските површини во Tиквешкиот регион, објави министерот Љупчо Николовски .
Од тука сакам да упатам порака до земјоделците да бидат спокојни и да не потпаѓаат на лажни вести, вода за земјоделските површини има.
Како никогаш досега министерството вложува во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување, брани, и мали системи за наводнување, се со цел стабилно водоснабдување на земјишните површини и зголемено домашно производство.
Работиме неуморно, посветено и одговорно, давајќи поддршка за секој еден земјоделец.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close