Нема корист од мерката 6 денари за килограм откупени праски, откуп нема
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Цветан Трипуновски се сретна со земјоделците и откупувачите од Росоман. Овоштарите се соочуваат со огромен проблем со пласманот на праската и покрај ниската цена. Трипуновски вели земјоделците апелираат да се најде соодветно решение како би имале егзистенција за нив и нивните семејства.
Земјоделците се загрижени заатоа што се оставени на милост и немилост. Високите температури придонесуваат набраното овошје кое со часови и денови стои за откуп, да не биде употребливо дури и за преработка. Некои од нив најавија дека голем дел од праските воопшто нема да ги берат затоа што тоа би им претставувало дополнителнен трошок.
Досега македонскиот производ беше многу баран на европските пазари, вели Трипуновски и додаде дека ресорното министерство преку економските промотори, треба да ги задржи истите. Инспекторите на Државниот институт за земјоделие секојдневно се на терен за да извршат увид дали се спроведува законската регулатива во земјава. Според нив, нема никакво прекршување на законот, рече Трипуновски.