Земјиштето наменето за аеродром во Штип ќе биде променето во земјоделско

(Oвој напис е објавен на: February 2, 2018)

zemjiste

10 милиони денари ќе издвои министерството за земјоделие за изградба на брана на р. Отиње. Овие средства ќе бидат наменети за подготовка на техничка документација, поточно за нејзина обнова, најави при денешната посета на Штип, ресорниот министер Љупчо Николовски.

– Ообено е значаен овој проект за заштита на градот од поплави. Ќе ги разгледуваме и сите други можности и во делот на искористувањето на земјоделското земјиште. Навистина станува збор за проект кој што е општ интерес и затоа е вметнат во програмата на Владата-изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделие

– Кога ќе бидеме спремни со целата документација, потоа ќе дискутираме за начинот на финансирање на оваа обрана-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип

Николовски информираше и дека на синоќешната седница на економскиот совет при Владата е разговарано за прашањето за не изградбата на карго аеродромот. Од турски ТАВ се очекува да исплати 45 милиони евра, пари кои ќе бидат пренаменети за инфраструктурни проекти, а експроприраното земјиште да се даде под концесија на плодоуживање.

– Ние би сакале да го ставиме во функција целокупното земјоделско земјиште- додаде Николовски

Од следната недела ќе се распише и оглас за 1400 ха земјоделско земјиште од поранешниот комбинат „Џумајлија“.


 

сител