Вести

Николовски: Лозарите мора да ги добијат тешко заработените пари

nikolovski

Одговарајки на пратенички прашања, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на вчерашната собраниска седница потенцираше дека се работи на целосно расчистување на долговите што винарницата „Повардарие“ ги има кон лозарите.

“Паралелно, го решаваме и проблемот со винарницата „Стефанс винери“, за која што веќе е отворена предстечајна постапка, а лозарите како најголеми доверители ќе бидат први исплатени. Лозарите мора да ги добијат тешко заработените пари” – истакна Николовски.

“Пред почетокот на новата реколта исплативме над 600 милиони денари субвенции за одржување на лозови насади, а наскоро ќе биде исплатена и ветената дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје. Оваа пракса ја продолжуваме за сите земјоделски гранки.” – посочи Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close