Николовски во посета на земјоделското семејство Давитковски од село Милино, успешни корисници на поддршка преку ИПАРД 2 програмата
Земја лидер во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра.
Земја лидер во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Земјоделците денес повторно имаат доврерба во институциите. Знаат дека со нас како министерство добиваат фер и еднаква шанса, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната средба на земјоделците од општина Лозово.
Нашата лидерска позиција ја потврдивме и со успешното започнување на новата ИПАРД 3 програма и први во регионот, на 1 септември 2023 година со објавувањето на првиот повик за мерките 1 и 7 ја отпочнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма. Нашиот успех беше награден од Европската Комисија која за 62% го зголеми буџетот за ИПАРД 3 програмата, па денес вкупната поддршка преку ИПАРД 3 прогрмата достигнува над 200 милиони евра, средства наменети за развој и модернизација на македонското земјоделство.
„Од некогаш заробена и изолирана држава, денес сме држава од која другите земаат позитивен пример. Земја која своето искуство го пренесува на другите. Токму нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и користењето на средствата од ИПАРД програмата“, истакна министерот Николовски.
Министерот Николовски денес при посетата на општина Лозово, во селото Милино оствари посета на земјоделското семејство Давитковски. Вредни земјоделци, кои се занимаваат со лозартсво и житарици, а успешно имаат искористено ИПАРД поддршка за набавка на трактор.
Веќе е распишан нов повик од ИПАРД 3 програмата, за мерката 3, кој се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи, а каде за оваа мерка, на располагање се ставени 14 милиони евра.
Финансиската поддршка од мерката 3 се однесува на кофинасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката кај оваа мерка може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Минималната прифатлива вредност на инвестиција е до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник.