вестиХрана

Се губи разновидноста на храната

Во светот се произведува се повеќе еднолична храна. 75 проценти од земјоделските култури кои се користат во исхраната се веќе загубени, а на третина од добитокот му се заканува изчезнување.

75 проценти од растенијата кои се користеле за производство на храна во светот се изсчезнати. Во сточарството, според експертите, секој месец засекогаш трајно се губат по шест раси, а кај 30 насто од добитокот постои голем ризик од потполно исчезнување.

Во модерното производство, земјоделците често решаваат да ги одгледуваат сортите и расите кои се бараат на пазарот и се со помали вложувања и со поголем приход.

Потребата за прилагодување на земјоделството кон се поизразените климатски промени ги прави актуелни старите сорти и раси.

Експертите за справување за климатските промени ги препорачуваат и автохтоните сорти како најадаптирани, кои со селекција може да развијат нови особини отпорни на претстојните промени на временските влијанија.

Чувањето на сортите е во генетските банките.

Кај нас има три кои го одржуваат во активна состојба за што се предвидени и субвенции за автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close