fbpx
Вести

Ниските температури може да ја повторат штетата од лани на овошките во Пијанец

ovoski

Ниските температури кои викендов се најавуваат дека ќе се спуштат и на минус 5 степен, носат опасност од измрзнување на овошните насади кои се во фаза на цветање. Неџбедин Мемедов, агроном-овоштар од Агенцијата за поттикнување на земјоделството од Делчево истакнува дека најавените ниски температури носат опасност да ја повторат минатогодишната слика кога измрзнаа и до 100 отсто од овошните насади во Пијанец од мразот во април.

– Посебно, негативно делуваат последните дождови кои ги оставаат водени цветовите. Мразот создава кристали во цветовите, внатре во прашникот и толчникот, при што ги уништува и доаѓа до деформирање и губење на плодноста, рече Мемедов.

Тој додаде дека климатските промени последниве години направија паралели на климата во Пијанец со таа во Украина и Русија.

– Земјоделците мора да го адаптираат плански производството, односно да се садат насади на повисоките места каде има поголемо струење на воздухот, а не на ниските предели каде се задржува студениот бран. Исто така, да се користат посебни сорти овошни насади. На пример, подлогите и сортите кои се селектирани во Украина и Русија, како саден материјал се веќе погодни за садење во Пијанец, бидејќи тие се поотпорни на студот, бидејќи нашиот регион Пијанец веќе стана сличен со климатскиот континентален дел на Украина и дел од Русија. Затоа треба да се бираат сортите, за сливите, сортата стенлеј е поотпорен од српската сорта чачанска, од вишните тоа е облачинската сорта, освен тоа таа обилно раѓа и да дојде до измизнување со дополнителни прихранување може да се добие добар род, рече Мемедов.

Сепак, земјоделците за да не бројат штети мора да преземат соодветни мерки за да ги заштитат овошните насади и да ги слушаат советите на агрономите.

– Ние како стручни лица од Агенцијата за поттикнување на земјоделството даваме совети на овоштарите, но нивниот интерес е слаб и тие многу ретко доаѓаат кај нас за да се консултираат за одредена проблематика. Најбитно е да се одложи, да се пролонгира цветањето, за да се избегне измрзнувањето. Тоа се постигнува со пинцирање на леторастите во мај и јуни месец, примена на препарати фитохормони кои го забавуваат цветањето, со наводнување на почвата пред цветање и со јака исхрана пред цутењето.

Лани во април во Пијанец и Малеш имаше и до 100 отсто измрзнување на овошните насади кои се на површина од близу 5 илјади хектари. Само во Делчево 650 овоштари пријавиле штети или во пари, штетите се од околу 1 милион денари, но како што информираат од Општина Делчево, обештетувања од мразевите се уште нема за овоштарите, а елаборатите од нивна страна се доставени до надлежната Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close