вестиЕкологијаТоп вести

Нивоата на реките преполовени, Сатеска пет пати пониска од мартовскиот просек

Според УХМР, водостојот на Сатеска кај Ботун е пет пати понизок во однос на просечниот за март, додека Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село и Црна кај Новаци се три пати намалени.

Сите реки кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат вредности далеку под месечниот просек.

Според УХМР, водостојот на Сатеска кај Ботун е пет пати понизок во однос на просечниот за март, додека Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село и Црна кај Новаци се три пати намалени.

Двојни снижувања на нивоата се забележани на Вардар кај Јегуновце и Велес, на Лепенец кај Скопје и Крива Река кај Крива Паланка.

Снижени вредности на нивоата се регистрирани и кај езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското.

Извор: Сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close