Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
НП Пелистер добива средства од државата за инвестиции и заштита на природата на паркот
Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, со директорот на ЈУ НП ,,Пелистер,, Иванчо Тошевски, го потпишаа договорот до кој се уредуваат меѓусебните права и обврски, во врска со обезбедувањето и користењето на финансиски средства за реализација на активности и инвестиции од значење за заштитата, управувањето, унапредувањето и одржливиот развој на Националниот парк „Пелистер“.

Согласно важечките прописи, Програмата за заштита на природата, Планот за управување со НП „Пелистер“, годишните програми на ЈУ НП „Пелистер“ и расположливите средства во Буџетот на Република Северна Македонија.
Како што беше потенцирано. финансиските средства ќе се користат исклучиво за:
- заштита и унапредување на природните вредности и биодиверзитетот;
- мониторинг на видови и живеалишта;
- превенција и заштита од шумски пожари;
- одржување и унапредување на зелената инфраструктура;
- уредување и одржување на патеки и пристапни инфраструктурни објекти;
- еколошка едукација и подигнување на јавната свест;
- развој и унапредување на еко-туризмот;
- набавка на опрема неопходна за вршење на дејноста;
- санација и реконструкција на објекти предвидени со плановите и програмите на ЈУ НП „Пелистер“;
- други активности од значење за заштитата и одржливото управување со Националниот парк.