
НЗМ – До каде може да оди ненаситноста на трговците и откупувачите
НЗМ до Парламентот како законодавен дом до политичките партии како предлагачи на законски решенија до академската и научна афела до новинарите и медиумите до граганскиот сектор и до сите грагани во државата
Реакцијата од Националната земјоделска мрежа ви ја пренесуваме во целост – ДО КАДЕ МОЖЕ ДА ОДИ БЕСЧОВЕЧНОСТА И НЕНАСИТНОСТА НА ТРГОВЦИТЕ И ОТКУПУВАЧИТЕ?
Почитувани колеги земјоделци !!!
Националната земјоделска мрежа во многу наврати алармираше за катастрофалните состојби во македонскиот аграр
Во отсуство на реакција од страна на државата и нејзините институции пред наши очи се случува невиден грабеж од страна на трговците и откупувачите и уништување на земјоделскиот сектор но и на земјоделските производители
Буквално секаде во сите сектори имаме кататрофа
Во ова прилика како НЗМ до Парламентот како законодавен дом до политичките партии како предлагачи на законски решенија до академската и научна афела до новинарите и медиумите до граганскиот сектор и до сите грагани во државата
Под итно да се иницират и процесуират законски решенија со кои ке се заштити макотрпниот земјоделски труд ке се овозможи економска одржливост на земјоделскиот сектор и на земјоделските производители како битен социоекономски субјект во државата
Истовремено ке се обезбеди гаранција за пласман и цени економска предвидливост на производството како и мотивација и зголемена продукција и контуитет на земјоделски производи за потребата на македонските грагани
Предлог законски мерки:
1 Да се воведе задолжително утврдување на реални производни цени за сите земјоделски производи кои ке ги изготват независни научни институции врз основ на научно издржани методологии без било какво надворешно влијание од страна
2. Задолжително да се пресметува минимум 50% над производната цена зголемена цена која ке биде минимално загарантирана откупна цена за било кој земјоделски производ односно ниту еден трговец преработувач или било кој друг субјект не смее да врши откуп под таа цена за одреден земјоделски производ
3. Ниту еден субјект не смее да пушти во промет земјоделски производи што се од увоз и се по дампинг цени и се субвенционирани од нивните матични држави и се нелојална конкуренција за домашните земјоделски производи односно не смее да продава под законски утврдената минимална загарантирана цена пресметана производна цена плус 50% добивка за земјоделескиот производ
Ова инцијатива иницирана преку НЗМ сметаме дека ке наиде на широка поддршка од сите чинители и дека со истата ке се иницират дополнителни иницијативи и идеи со крајна цел конечно да се излезе од овој амбис
Со почит




