Агро бизнисБез категоријаВести

Објавен Повик за модернизација во земјоделието – АгроСмарт

Прочитајте!-Краен рок за достава на пријавите за грант е 18 декември 2023 година, 16:00 часот по локално време.  

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави Повик за финансиска поддршка за модернизација во земјоделието за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.

 

Повеќе информации за повикот, деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги преземете на следниот линк: https://mrfp.mk/mk/vesti-i-javnost/oglasi/301-povik-za-dodeluvanje-na-grantovi-agrosmart-razvoj-na-moderno-i-odrzhlivo-zemjodelstvo.html

 

Краен рок за достава на пријавите за грант е 18 декември 2023 година, 16:00 часот по локално време.

 

Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 23.494.845 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:

·       минимален износ: 1.230.000 денари

·       максимален износ: 2.460.000 денари

 

За овој повик ќе се одржат информативни сесии. Точниот распоред и локации на информативните средби е следниот:

Ø  Преспански регион

–       06.11.2023 г. (понеделник), почеток во 11:00 ч., Општина Ресен (општинска сала),

Ø  Југозападен регион

–       06.11.2023 г. (понеделник), почеток во 13:00 ч., Општина Охрид  (општинска сала),

–       06.11.2023 г. (понеделник), почеток во 16:00 ч., Општина Струга (општинска сала),

Ø  Североисточен регион

–       07.11.2023 г. (вторник), почеток во 11:00 ч., Општина Ранковце (општинска сала),

–       07.11.2023 г. (вторник), почеток во 14:00 ч., Крива Паланка, (Europe House – Крива Паланка),

–       10.11.2023 г. (петок), почеток во 13:30 ч., Општина Куманово (кружна сала, поранешен Комитет),

Ø  Полошки регион

–       09.11.2023 г. (четврток), почеток во 11:00 ч., Општина Боговиње (општинска сала),

–       09.11.2023 г. (четврток), почеток во 14:00 ч., Општина Гостивар (општинска сала).

 

Проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера и ЦЕП Можности.

Поврзани новости

Back to top button
betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet   casibom