Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

НЗМ со анализа – Колкав процент од малопродажната цена на основните репроматеријали плаќаат земјоделците

Трговците со репроматеријали си гарантираат маржи од 30% до 80% уште пред да засадиме ништо.

АПСУРДОТ НА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛИЕ

Почитувани земјоделски производители
наши колеги

​Националната земјоделска мрежа направи детална анализа врз основа на јавно достапни податоци со единствена цел

Да ја откриеме суровата вистина за тоа колкав процент од малопродажната цена на основните репроматеријали плаќаме НИЕ, а каде одат нашите пари.
​
ШТО ПЛАЌАМЕ ПРИ СЕКОЈА НАБАВКА?

ПЕСТИЦИДИ:
Збирна маржа (трговија на големо и мало): од 35% до над 80% од крајната цена.

СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ:
​Градинарство: Минимална маржа од 37% па нагоре.

​Житарици: Маржа од 30% до 35% од крајната цена.
​
ПОГОНСКО ГОРИВО:
Даноци, акцизи, маржи и еколошки такси зафаќаат дури 48% од крајната цена на пумпа.

МИНЕРАЛНИ ЃУБРИВА:
Вкупни маржи на големо и мало од 15% до 30%па нагоре од крајната цена.

АПСУРДОТ НА ГАРАНТИРАНАТА ЗАРАБОТКА ОД 25%

​Законодавците и креаторите на политики ни нудат или предвидуваат гарантирана законска добивка од 25% над производната цена.

​Дали ова има каква било економска логика?

​Трговците со репроматеријали си гарантираат маржи од 30% до 80% уште пред да засадиме ништо.

​Државата зема речиси 50% од цената на горивото преку акцизи и даноци.

​А земјоделецот — кој го сноси целиот ризик од климатски непогоди, болести, суша и деноноќен труд — треба да биде „задоволен“ со 25%?!

​Со загарантирани 25% добивка над производната цена, ние земјоделците не можеме да ги покриеме ниту трговските маржи и давачки за основните репроматеријали и енергенси, а камоли да обезбедиме егзистенција за нашите семејства и развој на производството!
​
​Секоја дискусија за законски загарантирана заработка од 25% е ПОНИЖУВАЧКА, потценувачка и надвор од секоја здрава економска логика!

​Не смееме да дозволиме земјоделецот да остане единствената карика во ланецот што работи со загуба, додека сите останати остваруваат загарантирани високи профити на нашиот грб.

​Време е за реални економски мерки, а не за правни формулации кои не озаконуваат
сиромаштија!

​Со почит

Национална земјоделска мрежа

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button