fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне  до 9 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрид 10, Битола 11, Крива Паланка 9, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 12.

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне  до 9 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрид 10, Битола 11, Крива Паланка 9, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 12.

Утре времето ќе биде умерено до значително облачно, кон крајот на денот во југозападните делови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат од 6 до 13 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close