fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Облачно, свежо и врнежливо

Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Времето денеска ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, а во вечерните часови ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Од УХМР информираат дека на некои места се можни и поројни врнежи и со над 30 литри дожд на метар квадратен. Претстојнава ноќ облачноста ќе се намали и од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура. Утринските температури за време на викендот ќе бидат над нулата, а потоа само понекаде ќе се спуштаат и до некој степен под нулата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close