Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

На скопскиот аеродром стигнаа 400.000 вакцини за овци и кози

Дали се гледа крајот на сточарските маки?

400.000 дози вакцини против болеста сипаници кај овците и козите, донација од Европската унија, вчера пристигнале на аеродромот во Скопје преку Турција, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во објава на социјалните мрежи.

Мерките на државата, кои ги спроведе АХВ, за сузбивање на епидемијата на сипаници кај овците и козите, го десеткуваа сточниот фонд во Македонија. Преку 10.000 грла добиток, од кои голем дел превентивно усмртени здрави животни, беа уништени за да се спречи ширењето на болеста и епидемијата да се изолира во најзагрозените источни подрачја на државата.

„Обезбедени се потребните вакцини и започнуваме со спроведување на итната вакцинација на целата територија на државата, согласно Планот за итна вакцинација одобрен од Европската Унија. Здравјето на животните и заштитата на сточниот фонд остануваат наш врвен приоритет“, велат од АХВ во објавата.

Поврзани новости

Back to top button