ВестиМакедонија

Од четирите пакет мерки реализирани се 82 проценти или во вредност од 860 милиони евра

Економијата заздравува бидејќи буџетската „инекција“ на стопанството преку антикризните пакет мерки дала резултати, уверува власта.

Премиерот Заев нагласи дека досега се реализирани 82 отсто од мерките „тешки“ 860 милиони евра. Според него, доколку не биле воведени овие мерки – падот на брутодомашниот производ би бил двојно поголем.

„Доколку не беа мерките од четирите пакети за помош на економијата, падот на економијата ќе беше 8,7 проценти а ние постигнавме 4,5 проценти што е еден од подобрите резултати во регионот и на европскиот континент.“вели Зоран Заев, претседател на Влада.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close