fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСовети

Начини на одгледување на целер

Целерот е најдобро да се одгледува со производство на расад и неговата сеидба е на крајот на мај и почетокот на јуни. Пред сеидбата може да се одгледува на иста површина, како преткултура како некои од озимните или пролетните култури (салати, спанаќ, кромид сребрењак и сл.)

Во Република Македонија најчесто и главно производство на целерот е производството во бавчи и е наменет за продажба на малите пазари и во супермаркетите. Се продава во зелени вези и се употребува за супи и во друга храна како зачин.

Во зимскиот период се сретнува и кореновиот целер кој се употребува за други намени во исхраната. Во преработувачката индустрија се одгледува поради сушење на листовите.Тој е најдобро да се одгледува со производство на расад и неговата сеидба е на крајот на мај и почетокот на јуни. Пред сеидбата може да се одгледува на иста површина, како преткултура како некои од озимните или пролетните култури (салати. спанаќ. кромид сребрењак и сл.). Расадот се одгледува во контејнери кои имаат низа предности во современото производство и има потполно правилен и еднаков вегетациски простор што овозможува изедначен пораст на растенијата. Тој се користи како готов супстрат со хранливи елементи и правилен водновоздушен режим, стерилизиран од болести и штетници. При пресадувањето на стално место или во полски услови од контејнери не доживуваат стрес наспроти растенија или расад КОЈ се одгледува во леи.

Садниците одгледувани во контејнери доспеваат порано за берба. со поголем принос и квалитет. Контејнерскиот начин на производство на расад е многу важен и е препорачлив кај производството на хибриди бидејќи семенскиот материјал е скап и од секое семе треба да се добие квалитетно растение или расад. Семето од целер многу тешко набабрува и затоа е препорачливо пред сеидбата да се натопи во млака вода на температура од околу 20°С на дневна светлина.

Начини на одгледување

Целерот е култура која поднесува или издржува ладни периоди и ниски температури во текот на зимскиот период. Коренот има специфичен ароматичен мирис, кој доаѓа од присуството на етеричните масла. Најкорисни состојки се среќаваат во свежиот целер или во свежо исцедениот сок. За одгледување се најпогодни длабоки, хумусни, исцедни, плодни и среднотешки површини. Реакцијата на почвата треба да биде неутрална до слабокисела. Поднесува умерено континентална клима со просечна дневна температура од околу 20°С. Не е препорачливо да се одгледува едноподруго на иста површина и мора да се прави плодоред на околу 5 години.

Растојанието на сеидба е 50 х 20 или 50 х 40. При сеидбата треба да се внимава садницата да дојде на иста длабочина на која била во заштитениот простор. По садењето и формирањето на растенијата може да се изврши мулчирање. на пример. со слама или компост за да се задржи влагата и појавата на плевели Во текот на вегетацијата, потребно е редовно да се наводнува и прихранува. Прихраната преку листот или фолијарната прихрана во текот на вегетацијата се применува кога ќе се забележи губењето на темнозелената боја.

Целерот претставува двогодишно растение. Неговиот корен е разгранет и се наоѓа на длабочина до 30 см. Во првата година од вегетацијата се формира лисна розета со долги петелки. Секој вариетет се разликува со одредени сортни особини. Во текот на втората година формира цветно стебло во висина 70-100 см кое подоцна се разгранува.

Извор: Моја земја

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close