
Од трактор до YouTube ѕвезда! Како еден млад земјоделец стана интернет хит – со камера на неговата мотика
Марко Макаревиќ, млад славонски земјоделец
Во време кога хрватското земјоделство брзо се менува под влијание на технологијата и новите генерации производители, има сè повеќе примери на млади луѓе кои ја комбинираат традиционалната работа на земјата со дигитални алатки и социјални мрежи. Еден од нив е Марко Макаревиќ, млад славонски земјоделец кој, покрај својата секојдневна работа на нивите, води и активен YouTube канал посветен на земјоделството, со што создава сè поголема публика желна за автентичен увид во животот на фармата.
Преку својата содржина, тој прикажува реални процеси – работа со машини и предизвиците што ги носи производството на храна, што го издвои како еден од попрепознатливите претставници на дигитално ангажираните земјоделци во регионот, пренесува Слободна Далмација.
Toj oд 2013 година објавува видеа на Јутјуб. Секоја недела има по едно или две видеа за своите следбеници. Им објаснува како се сади соја, пченка, сончоглед и слично. Досега неговиот канал има над 6.4 милиони прегледи.




