вестиМакедонијаТоп вести

Од утре повторно заладување

Топлото и претежно стабилно време ќе се задржи и во поголемиот дел од утрешниот ден, максималните дневни температури и утре ќе се искачуваат во интервалот некаде од 12 до 20, 21 степен. Од утре се очекува промена на времето.

Поради продор на многу постуден воздух од север, во текот на ноќта вторник кон среда како и во среда најпрвин на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Врнежи од снег се очекуваат и на некои од пониските места каде исто така има услови за формирање на бела покривка.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање дури за повеќе од десет степени во однос на сегашните, од среда максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот некаде од -3 до 6 степени. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, понекаде истите се очекува да се спуштат и под -10 степени.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close