вести

Од утре вакцинација против „јазлеста кожа“

(Oвој напис е објавен на: март 14, 2018)

goveda

Од утре почнува вакцинацијата на говедата против болеста „јазлеста кожа“, соопшти денеска Aгенцијата за храната и ветеринарство (АХВ).

Вакцинацијата ќе трае до 31 мај, а се спроведува согласно Годишната програма за здравствена заштита на животните од страна на овластените ветеринарни друштва.

– Со 230.000 дози од вакцината, донација од ЕУ, опфатена ќе биде целата популација говеда во земјава. Болеста „јазлеста кожа“ во земјава засега е ставена под контрола благодарение на претходните вакцинални кампањи и засега нема појава на нови случаи, информира Агенцијата.

Последниот случај на оваа болест кај говедата, по појавувањето во 2016 година, е евидентиран во јуни 2017 година во Кривопаланечко.

Според АХВ, паралелно со вакцинацијата против „јазлеста кожа“, во Ветеринарно информативниот систем на АХВ ќе се внесуваат географските координати за секое одгледувалиште одделно, со цел олеснување на постапката за контрола и исплата на субвенциите за сточарите.

За да се добие реална слика за бројната состојба на оваа категорија животни во фармите на цела територија на Македонија, ветеринарните друштва ќе ги ажурираат и податоците за бројната состојба на говедата во фармите, а со овој процес, првпат ќе се спроведе и попис на копитарите (коњи, магариња, мазги и мулиња), активност која треба да заврши до крајот на летото.


 

a1on

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close