Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Петар Богојески – Тутунарите со 10 илјади евра приход од 10 декари земја

Има пласман (трговците се безобразни) кој треба да се регулира со закон, има принос, има субвенција… има скоро 100% извесна / сигурна добивка!

Политичарот Петар Богојески на Фејсбук сподели размислување дали е подобро да се занимаваш со призводство на тутун или да работиш во администрација.
Објавата ви ја пренесуваме во целост
ТУТУНАР СО 10.000 евра ПРИХОД ОД 10 ДЕКАРИ
10декари Х мин 200кг X мин 500ден = 1милион ден.
Трошок над 30%, остануваат за тутунарот ~10.000€ за работа од само три месеци!
Раководител во администрација зема околу 40.000 ден плата Х 12 месеци = 480.000 ден.
Тутунар за три месеци = 630.000 ден.
Доколку им овозможиме сигурен пласман и соодветна механизација (кредит без камата), зошто еден млад човек би молел за вработување во партија, а не би станал претприемач тутунар… плус ако вработи аргати, може да заработи стотици илјади евра од само неколку хектари земја.
ЗОШТО МЛАДИТЕ ЛУЃЕ БИ СЕ ЗАМАРАЛЕ СО КОМУНИСТИЧКИ СИНДИКАЛНИ ГЛУПОСТИ?
Кога на нивна страна е ПАЗАРОТ?
Има пласман (трговците се безобразни) кој треба да се регулира со закон, има принос, има субвенција… има скоро 100% извесна / сигурна добивка!
Зошто да трошиш време на левичарски глупостии, а да не станеш претриемач – тутуно производител, газда сам на себе, кој вработува и други лица?
Да, тешко е, бара труд! Нормално!
Се е тешко и бара труд!
На мене не ми беше лесно и да учам и да работам 20 години! Да се трудам деноноќно!
Што ќе правиш попаметно од ова, ако имаш скромно образование? Ќе бегаш од Македонија? И? Што?
Таму рози цутат? Таму не треба работа?
Што? Ќе протестираш со левичарски бандити синдикалци? Со декаденција?
Или ќе се фатиш за работа и ќе станеш газда?
Особено ако имаш такво потекло и знаеш да го работиш тутунот! Не чекај! Биди свој на своето!

Поврзани новости

Back to top button