Професионалност, наука и средба на сточари на 33 Меѓународен саем за сточарство Space 2019 во Франција

(Oвој напис е објавен на: June 3, 2019)

Предизвиците во сточарското производство се се поголеми, но од друга страна овој сектор се наоѓа под големо влијание на глобалната економија и здравствените проблеми. Ширењето на афричката свинска треска во светот, а посебно во Кина е само еден пример на криза која влијае на светскиот пазар. Секој одгледувач на стока е свесен за важноста на одржувањето на здравјето на животните во целиот ланец на вредности на сточарското производство.

Токму затоа, Меѓународниот саем на сточарство Space 2019, претставува исклучително случување и место на средба на сточари, професионалци, научници и сите компании и организации кои имаат директен или индиректен контакт со сточарството.

33 издание на Меѓународниот саем Space 2019 ќе се одржи од 10 до 13 септември, во северозападна Франција, во градот Рен, каде се очекуваат 1450 изложувачи, вклчувајќи 500 од странство од 42 земји и 115 000 професионални посетители, вклучувајќи 15 000 меѓународни посетители од 128 земји на изложбен простор од 60 000 m².

„Нови климатски пракси и технологии“ е темата на овогодишниот саем, токму поради тоа што земјоделството е сектор кој е прв на удар на климатските промени на кои мораме да се прилагодиме  и да ги предвидиме промените со примена на нови техники, нови пракси и нова опрема. По тој повод се организираат над 70 конференции и состаноци кои се веќе потврдени.

Во предвидените 4 дена, ќе се одржи генетска презентација на симентална раса (Pie Rouge), Национален фестивал на раса Slaersи други. Дури 550 говеда од 13 различни раси, но и 200 овци и кози од 11 различни раси ќе го направат овој саем спектакуларен.

Интересно е и тоа што на саемот Space 2019, ќе биде претставен и новиот сектор – аквакултура, кој се смета за брзорастечки во светски рамки.

 

 

Зелена берза