вестиМакедонијаТоп вести

Осумдесет милиони денари за обесштетување на овоштарите од Долна Преспа

Скоро 80 милиони денари  од Буџетот на Република Северна Македонија се трансферирани   на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа. Ова го соопшти на својот ФБ профил  градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски.

Како што информира, Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.

Оваа мерка на Владата на Република Северна Македонија, претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа.

Слични написи

Back to top button
Close