fbpx
Агро бизнисМакедонијаТоп вести

Од ноќта на дождот тутунарите чекаат ред за предавање на тутунот

За откуп до крајот на февруари остануваат над 18.000 тони тутун. Досега се откупени преку 6.300 со просечна цена од 167 денари за килограм

Тутунарите цела ноќ на дождот чекаат ред за предавање на тутунот, објавуваат тутунари на  ФБ групата „Македонски тутунари“ .

Во среда закажа е нова средба на тутунарите со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и премиерот Зоран Заев.

Според изјава на Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија дадена минатата недела ситуацијата на теренот е речиси непроменета, а просечната цена е останата на 167 денари. Барањата се доставени до министерството за земјоделство, до инспекторатот, до премиерот.

– На теренот ситуацијата е речиси непроменета од пред празниците. Ние бараме да се купува според класите, а не според шифри што дел компании продолжуваат тоа да го прават, да се зголеми динамиката, иако минимално е зголемена, но не доволно, сѐ уште не се купува вишокот тутун, а треба, според ветувањето на Министерството, да се купат и преку 430 тони од компанијата „Далија табак“ која не почна откуп. Многу ќе зависи од најавената средба со министерството за земјоделство и со откупувачите, вели Стомнароски.

За откуп до крајот на февруари остануваат над 18.000 тони тутун. Досега се откупени преку 6.300 со просечна цена од 167 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close