fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Овци во Грција изеле 100 кг. марихуана, овчарот забележал необично однесување

Стадо овци „налета“ на стаклена градина во која се одгледува канабис за фармацевтски цели и речиси изеде 100 килограми од ова растение.

Еден овчар бил изненаден од однесувањето на своите овци набргу откако ги извадил на пасење во областа Магнезија, Грција.

Како што пренесува порталот TheNewspaper.gr, веднаш по разорните поплави што го зафатија поширокото подрачје на Тесалија, при што беа оштетени и пасиштата, стадо овци „налета“ на стаклена градина во која се одгледува канабис за фармацевтски цели и речиси изеде 100 килограми од ова растение.

Сопственикот на стаклената градина не можел да им поверува на своите очи кога дознал дека неговото производство на канабис претрпело големи штети од невремето, а потоа и овците кои дошле да се хранат со остатоците.

„Не знам дали е за смеење или за плачење. Имавме силни топлотни бранови и изгубивме дел од производството. Имавме поплави и уништија друг дел. А сега, после сето тоа, имаме стадо овци, кои влегол во објектот и почнал да го јаде тоа што остана. Искрено не знам што да кажам“, вели сопственик на лиценцирана фарма за канабис.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close