Овошје и зеленчук со најмногу пестициди
Еве го списокот на „најозогласени“ овошја и зеленчуци.
Проблемот е што штетноста на пестицидите најчесто се истакнува како опасност кога се посочува третманот на животните и само изложување на еден пестицид, додека во пракса сме изложени на милост и немилост на неколку видови пестициди.
Во последните години првото место убедливо го држат јагодите, но спанаќот оди во чекор со него. Вкупно 230 различни пестициди и нивните производи се пронајдени во повеќе од 38.800 неоргански примероци.
Еве го списокот на „најозогласени“ овошја и зеленчуци.
Јагоди
Спанаќ
Нектарини
Јаболка
Грозје
Праски
Цреши
Круши
Домати
Целер
Компир
Пиперките
Брокула
Последните податоци добиени од европските влади од организацијата PAN Europe (Pesticide Action Network) покажуваат дека овошјето ги содржи најопасните пестициди.
Го има речиси на секоја тезга, сакаме да го јадеме, а резултатите покажуваат дека и минималното консумирање на третираното овошје е штетно за здравјето.
Врз основа на официјалните податоци, извештајот покажа дека голем дел од европските круши (49 проценти), грозјето (44 проценти), јаболката (34 проценти), сливите (29 проценти) и малините (25 проценти) биле третирани со многу опасни пестициди, а потоа и се пласираат на пазарот, иако е познато дека влијаат на развојот на бројни здравствени проблеми.https://faktor.mk/