fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пандемијата оставила без работа околу 17.000 жени во земјава

Ретко која жена изминатава година се осмелила да инвестира во сопствен бизнис.

Тие кои веќе имаат фирма трпат огромни штети.

Ова, според претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, се должи на фактот што жените се најмногу присутни во услужните дејности.

„Оние кои што успеаја да преживеат или ги отпуштија вработените или, пак, и тие се веќе пред затворање, за жал. Мерките од Владата придонесоа да може да опстојат меѓутоа тоа не значи дека тие се на здрави нозе.“вели Валентина Дисоска, претс. на Национална платформа за женско претприемништво.

Дисоска алармира дека економското зајакнување на жената е на многу ниско ниво. Вели, потребни се родово базирани политики кои ќе ги охрабрат жените да основаат свој бизнис и во истовреме да се грижат за семејството.

„Генерално, состојбата на жената е на стаклени нозе. Жените имаат проблем во основањето, водењето и секојдневните активности во своите бизниси заради тоа што имаат многу поголем товар во фамилијата и водењето на бизнисите во исто време. Зошто? Затоа што ние сме патријахално општество.вели Валентина Дисоска, претс. на Национална платформа за женско претприемништво.

Според податоците од Националниот регистар околу 30 отсто од компаниите во Македонија се основани од жени, но обртот на пари кои го прават е многу мал – едвај 9 проценти. Новата платформа е за цел да ги спои сите мрежи на жени претприемачи и да работи на нивно зајакнување и поголема конкурентност на пазарот на труд.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close