fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пчеларите на 2 јули имаат последна шанса да се изборат против пашарината

Јавниот увид на Предлог-законот за пасишта заврши на 26 јуни, а јавната расправа по предлогот е закажана за 2 јули.

Пчеларите имаат уште една шанса да ги премислат Министерството за земјоделство и Јавното претпријатие за пасишта да го сменат членот 23 со кој се определува пашарина за пчеларите кои имаат закупено пасиште во државна сопственост за поставување на пчелни семејства. На 2 јули ќе се одржи јавната расправа по Предлог законот за пасишта кој е објавен на националниот регистер на прописи (ЕНЕР). Јавниот увид на Предлог-законот заврши на 26 јуни.

Со членот 23 се предвидува пчеларите кои користат пасиште за поставување на пчелни семејства да плаќаат колективна пашарина во износ од 0,3 отсто од просечната нето-плата исплатена за минатата година во земјата.

Покрај ова пчеларите кои закупиле пасиште во државна сопственост ќе треба да платат и одредена закупнина која е постигната за време на јавното наддавање за давање под закуп на пасиштето. Најмал период на земање под закуп на пасиштето е 5 години за пасишта кои не се регистрирани односно на кои не е извршена негова инвентаризација, на 10 години за напасување на ситен и крупен добиток или до 30 години, ако се користи за спортско-рекреативни активности и рурален туризам или производство производи од добитокот.

Членот 23 од Предлог-законот за пасишта предизвика бурни реакции кај пчеларите и јавноста. За нив е неразбирливо тоа што државата сака да наплаќа пашарина за пчелите наместо да дава дополнителни стимулации за развој на пчеларството кое е битно за опрашување на овошките.https://plusinfo.mk/pchelarite-na-2-uli-imaat-posledna-shansa-da-se-izborat-protiv-pasharinata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close