Платена првата рата за винското грозје
Винарските визби веќе ја исплатија првата рата за купеното винското грозје од ланската реколта. До 15-ти декември, според законот, на лозарите требаше да им биде исплатена првата рата од 20 проценти за предадените количества, а втората до средината на февруари…
Винските визби им ја платија на лозарите првата рата од 20 проценти за купеното грозје. Според Законот исплатата е во рок од 6 месеци од преземањето на откупениот род и ќе биде на 3 рати.
Првата од 20 проценти требаше да се плати до 15 декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15 февруари годинава, и последниот износ докрајот на април.
Според информациите од ресорното министерство првите пари се веќе легнати на сметките на лозарите, односно се исплатени повеќе од 25 проценти од вкупното откупено грозје.
Во Македонија лани беа собрани 180 милиони килограми винско грозје. Дел од откупот се пласира во странство, а поголемиот дел остана за домашните преработувачки капацитети.