fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Почна садењето на тутунот! Тутунарите оптимисти

Стомнароски-годинава се договорени да се произведат околу 26.400 тони тутун.

Почнува садењето на тутунот од новата реколта. Засега некои производители од Прилепско-пелагонискиот регион почнаа да садат, а поинтензивно ќе биде во текот на мај.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, вели дека годинава со откупувачите е договорено производство од  околу 26 400 тони, што е повеќе од лани и очекуваат добра година.

-Некои тутунопроизводители од Пелагониско веќе почнаа со садењето на новата реколта тутун. Очекуваме со почетокот на мај садењето да биде поинтензивно на целата територија. Моментално тутуновиот расад е добар и се очекува временските услови да помогнат и навреме да се засади. Ако лани беа договорени под 26 000 тони, иако производната година беше околу 21 000 тони тутун, годинава се договорени да се произведат околу 26 400 тони тутун. Можеби причината е што лани тутунарите добро поминаа: родот беше квалитетен, брзо се откупи и се постигна просечна цена од 290 денари за килограм. Сепак, останува да се види дали договореното ќе се исполни, изјави Стомнароски.

Тутунарите и годинава ќе бараат зголемување на цената на тутунот зашто се поголеми трошоците за производство.

-Очекуваме добра производна година, иако многу зависиме од временските услови, очекуваме цените да се зголемат, да стигнеме до реални исплатливи цени за одржливот на тутунопроизводството. Само исплатливоста може да ги привлече помладите генерации да го садат тутунот за да не остане само повозрасните да се занимаваат со тутунопроизводството, смета Стомнароски.

Деновиве на тутунарите им се исплаќаат субвенциите за ланската реколта. На околу 16 000 тутунари за ланскиот род им се префрлени 26 милиони евра на име субвенции. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски при посетата на Прилеп и на тутунарите увери дека министерството и државата остануваат да ги поддржуваат производителите.Тутунот е стратешка култура.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close