fbpx
Вести

Поповолна состојбата во преработувачката индустрија, сметаат раководителите на фирмите

Раководителите на фирмите од преработувачката индустрија оцениле дека економската состојба на фирмите во оваа индустрија во август во однос на јули годинава е поповолна, а поповолна е и во однос на август минатата година. Се очекува бројот на вработените да порасне, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според оценката на раководителите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август во однос на јули годинава е зголемен за 0,4 процентни поени и изнесува 20,3, а во однос на август лани е зголемен за 2,1 процентни поени, објави денеска ДЗС.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август во однос на јули годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени споредено со јули годинава.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август годинава изнесува 68 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23,3 проценти, недоволната домашна побарувачка со 17,2 процента, недоволната странска побарувачка со 17,1 процент и неизвесното економско опкружување со 11,1 процент.


 

a1on

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close