вестиМакедонијаТоп вести

Посилни стимулативни мерки за домашната економија

Промените во секојдневните навики, кои се наметнаа со ширењето на коронавирусот, на површина ја извадија потребата за домашно производство. Искуството од првите денови и празнењето на рафтовите покажа дека зависноста од увозни производи е негативна за едно стопанство, пред сѐ од аспект на неопходноста во сите непредвидени ситуации да има намирници за основните потреби на граѓаните, како за исхрана така и за лекување.
Деновиве со домашните картички, кои ги дели Владата, исто така сѐ повеќе се бараат домашни продукти, но граѓаните укажуваат дека нема домашни производи во секоја категорија. Ваквите ситуации укажуваат дека имаме недостиг од понуда на производи, а токму со поголемиот избор на производи компаниите би можеле да им конкурираат повеќе на увозните продукти, но истовремено со поголем број продукти да освојуваат нови пазари.

– Секако дека со зголемување на палетата на производи се доаѓа до поголем број клиенти, зголемување на профитот и зголемена потрошувачка на истите тие. Но конкуренцијата е голема и треба да се биде внимателен со многу работи, како на пример: дали имаме потенцијал за тие продукти, дали има потреба од сите тие продукти, дали имаме доволно количество репроматеријал за производство итн. Државата ја поттикна потрошувачката, сега на ред е реалниот сектор. Секако, државата може да помогне со субвенционирање на производството на македонски продукти, но и нивно позиционирање на домашниот и на интернационалниот пазар – вели Калин Бабушку, надлежен за развој на брендови во компанијата „Македонија експорт“.
Сепак, Бабушку истакнува дека нашата економија има и одредени ограничувања.
– Нашата економија нема капацитет да обезбеди производство на сите моќни продукти, ниту пак имаме платежна моќ да ги купиме тие продукти што некој ќе ги произведе, а ако компаниите сакаат да се конкурентни на пазарот, сите убаво знаеме што е потребно: квалитет, брендирање, количество и потенцијал на пазарот.Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК

Извор:Новамакедонија.мк

Слични написи

Back to top button
Close