fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Понуда ЗЕМИ ИЛИ ОСТАВИ за „РАМКОВНО“ вработените

Ќе го реши ли власта проблемот кој државата ја чини 8 милиони евра годишно?

Владата вчера обелоден дека скроила закон за „рамковно“ вработените административци, нагласувајќи дека со него ќе им понуди две шанси за да почнат со работа, а ако не ги прифатат – ќе добијат отказ.

Според законот, државата мора да им понуди најмалку иста плата, но не и пониска од онаа која претходно ја земале. Затоа во предлог буџетот за 2021 година била предвидена слична сума како за годинава, или 9,3 милиони евра за 1.430 вработени.

Според владините функционери, законот е веќе во собраниска процедура, и откако тој би се изгласал, би почнала постапката на подготовка на планот за нивно распоредување.

Ако се пребара на веб страна на Собранието, никаде не може да се најде овој законски текст, со цел јавноста да има прилика да види како власта ќе го решава овој долгогодишен проблем со нашите сограѓани кои земаат државна плата, а за тоа не даваат никаков учинок кон државата.

Во Министерството за политички систем вработени се вкупно 1.500 лица. Тоа го покажуваат официјалните податоци. Годишно, секој од ове луѓе добива по 6.300 евра, или по повеќе од 500 евра месечно, плата која многумина можат да ја сонуваат.

За нив нема да се отвораат нови работи места, туку зависно од образованието ќе се пополнуваат празни места во државните институции. Се предвидуваат неколку услови – местото на живеење, степенот на завршено образование, согласно годишните планови на сите тие институции под државната управа, празните места и слично.

Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Јетон Шаќири, вчера изјави дека ако „рамковните“ вработени ги одбијат и двете опции од државата, тие конечно ќе останат без работа.

„Ова е добар нацрт закон и сите треба да имаме предвид дека е решавање на долгорочен проблем. Посакувам на трансфер листата да има што помалку вработени и процесот да заврши во првата фаза“, рече министерот Шаќири.

Во изминатите 10 години за рамковните вработувања, буквално за земање плата без никакви обврски, земјава потроши околу 90 милиони евра.

https://faktor.mk/ponuda-zemi-ili-ostavi-za-ramkovno-vrabotenite—kje-go-reshi-li-vlasta-problemot-koj-drzavata-ja-chini-8-milioni-evra-godishno

Слични написи

Back to top button
Close