fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Со тони домати и праски од Албанија содржеле пестициди и никел, блокирани во Хрватска

Уништени 5,5 тони праски произведени во Дивјак, бидејќи во ова овошје е пронајдено високо присуство на тешкиот метал никел. 

Хрватска уништи четири тони  домати произведени во Албанија, откако било утврдено дека биле испрскани со хлорфенапир, и тоа со пет пати поголема количина од дозволената со овој отров кој ги убива инсектите.

– Во официјално соопштение од EFSA беа објавени резултатите од лабораториските тестови, каде што дозволеното ниво  е 0,01 мг/кг, додека резултатот достигна вредност од 0,06 мг/кг. Опасните домати беа произведени на земјоделски површини во Берат, објави Топ чанел.

Во меѓувреме,  хрватската држава уништи 5,5 тони праски произведени во Дивјак, бидејќи во ова овошје е пронајдено високо присуство на тешкиот метал никел.

-Албанските земјоделци често го одгледуваат својот производ во оранжерии без да ги почитуваат нормите во користењето на заштитните средства. Ова потоа носи не само финансиски последици за албанскиот извозник, туку и намалување на вредноста на производите “made in Albania”, наведува телевизијата

Зеленчук и овошје, произведено во Албанија, редовно завршува на пазарите во соседните земји, но, нивните граѓани, оние од пограничните места, го набавуваат непосредно од албанските земјоделци.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close